Т.П.Н.(44) од Скопје доби кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл.378 од Кривичниот законик.
– Пријавената, како вработена во осигурителна компанија во периодот од 2020 до 2021 година, со лажно прикажување на факти ја измамила оштетената, убедувајќи ја дека доколку и ги даде парите добиени по основ осигурително осигурување во износ од 120.000 денари, може да ѝ го зголеми износот на оштетеното побарување, соопшти МВР.
Како што информираат од МВР, откако ја довела во заблуда оштетената и ги добила парите, Т.П.Н. изготвила и со свој печат и потпис заверила лажен документ на осигурителната компанија, со кој потврдила дека наводно парите се уплатени на сметка на компанијата за потребите на предметот за повторно разгледување и одобрување на поголем износ на оштетеното побарување.