ВИГ: Целосното напојување на седиштето на компанијата е со обновливи извори на енергија

Од почетокот на овој месец, два фотоволтаични системи го снабдуваат седиштето на „Виена Иншуренс Груп“ (ВИГ) во главниот град на Австрија со одржлива соларна енергија. ВИГ очекува оваа технологија да даде вреден придонес во стратегијата за одржливост на групацијата бидејќи тоа е значаен дел од нејзиниот деловен модел.

Според проценките на ВИГ, ова ќе заштеди вкупно 30 тони CO2. Фотоволтаичниот систем се состои од 137 панели со моќност од околу 62.500 киловат часови годишно.