Светски познатиот златар Мишел Елиас Гермини, сопственик на златарницата „Германи“ која дизајнираше накит за некои од најбогатите и највлијателните луѓе во светот, како што се принцезата Дијана, Елизабет Тејлор, е обвинет дека смислил и спроведувал измамнички план, кој вклучувал вооружен грабеж на сопствената златарница, пишува Гардијан. Целта била да добие 2,8 милиони долари отштета од осигурителна компанија.
Според првичната верија на шеесет и петгодишниот златар, кој се наоѓа во затвор, двајца мажи, преправајќи се дека се муштерии, со нож се заканиле нему и на вработена во златарницата во Сиднеј, им ги врзале рацете и нозете и побегнале со голема количина скап накит.
Сомнежите на детективот Џо Духи околу целиот случај не дозволиле истрагата да заврши со апсењето на Шанел Тофаено и Мунир Хелу. Затоа дополнително, полицијата го уапси Германи под сомнение дека целиот грабеж е всушност измама, дека сопственикот бил вклучен во „планирање и координирање на грабежот и обид за измама на осигурителната компанија“.
Вработената во златарницата, која беше повредена во грабежот, е целосно трауматизирана од нападот.
– И се заканувале со насилство и ѝ биле врзани рацете и нозете. Таа верувала дека тоа е вистински грабеж – вели детективот.
Германи сега се товари за тешка кражба, лишување од слобода, обид за стекнување финансиска корист со измама, заведување на полицијата и попречување истрага, учество во организирана криминална група и криминална активност.