Австралија: Светски познат златар уапсен поради лажен грабеж во обид за измама на осигурителна компанија

Светски познатиот златар Мишел Елиас Гермини, сопственик на златарницата „Германи“ која дизајнираше накит за некои од најбогатите и највлијателните луѓе во светот, како што се принцезата Дијана, Елизабет Тејлор, е обвинет дека смислил и спроведувал измамнички план, кој вклучувал вооружен грабеж на сопствената златарница, пишува Гардијан. Целта била да добие 2,8 милиони долари отштета од осигурителна компанија.

Според првичната верија на шеесет и петгодишниот златар, кој се наоѓа во затвор, двајца мажи, преправајќи се дека се муштерии, со нож се заканиле нему и на вработена во златарницата во Сиднеј, им ги врзале рацете и нозете и побегнале со голема количина скап накит.

Сомнежите на детективот Џо Духи околу целиот случај не дозволиле истрагата да заврши со апсењето на Шанел Тофаено и Мунир Хелу. Затоа дополнително, полицијата го уапси Германи под сомнение дека целиот грабеж е всушност измама, дека сопственикот бил вклучен во „планирање и координирање на грабежот и обид за измама на осигурителната компанија“.

Вработената во златарницата, која беше повредена во грабежот, е целосно трауматизирана од нападот.

– И се заканувале со насилство и ѝ биле врзани рацете и нозете. Таа верувала дека тоа е вистински грабеж – вели детективот.

Германи сега се товари за тешка кражба, лишување од слобода, обид за стекнување финансиска корист со измама, заведување на полицијата и попречување истрага, учество во организирана криминална група и криминална активност.