Албанија: Невремето „Кириан“ уште еднаш ја нагласи ниската осигурителна покриеност на домовите

Бидејќи бурата „Кириан“ предизвика обилни дождови, а со тоа и поплави низ цела Албанија, локалното здружение на осигурителни компании уште еднаш го обрна вниманието на прашањето за ниската осигурителна покриеност на албанските домови.

Од официјалните податоци на Управата за финансиска супервизија, произлегува дека вкупно за периодот јануари-септември низ државата се исплатени помалку од 20 милиони евра за осигурување на имот од елементарни непогоди. Иако бројката е за 19% повисока од истиот период во 2022 година, вкупниот број останува многу низок, „имајќи предвид дека огромното мнозинство од оваа бројка се состои од договори за осигурување на јавен имот, како и должници, принудени од банките да ги осигураат имотите за да овозможат добивање заеми .“

Целото портфолио на имотно осигурување е многу ниско за оваа година, иако поплавите и пожарите редовно се повторуваат од година во година, предизвикувајќи многу штети на бизнисите и поединците. За класите имот, одговорност, гаранции, за периодот јануари-септември, вкупно се полисирани 29,5 милиони евра.

Огромниот дел од оваа вредност го зазема осигурувањето од пожарот и другата имотна штета со околу 65,33%, потоа осигурувањето од општа одговорност со 25,77% од вкупниот број.

Невремето „Кириан“ што поплави пошироки региони во северна Италија, кон крајот на изминатата недела (3 ноември) ја зафати и Албанија, предизвикувајќи проблеми во неколку градови. Во главниот град Тирана, многу улици беа поплавени, а нарушено беше и снабдувањето со електрична енергија. Најпроблематични области во земјата беа градовите Скадар, Лежа, Елбасан и Корча.