Бруто полисираните премии (БПП) на албанските осигурителни компании се зголемија за 20% на годишно ниво во првиот квартал од 2023 година, достигнувајќи 46,2 милиони евра, покажуваат официјалните податоци.
БПП од неживотното осигурување, во периодот јануари-март 2023-та година, се зголемени за 19% споредено со истиот период лани, достигнувајќи 42,2 милиони евра. Во рангирањето според БПП, меѓу осумте компании најголема премија е полисирана во „СИГАЛ УНИКА“ (28,17%), по што следат „Албсиг“ (23,25%), „Еуросиг“ (12,11%), „СИВИГ“ (11,4%). Останатите компании имаат едноцифрен удел од колачот.
Кај полисите за животно осигурување полисирани се премии од 3,94 милиони евра, што е зголемување за 30% споредено со извештајниот период лани. Според бројките објавени од страна на албанското Орган за финансиска супервизија (АМФ) , 45,5% од вкупната премија е полисирана од „СИГАЛ Лајф УНИКА“.
Вкупните исплатени бруто штети во првите три месеци од 2023-та година се зголемени на 14,38 милиони евра во прегледниот период.