АСО објави повик за идните брокери во осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).

Обуката за брокер во времетраење од 9 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се организира онлајн  и ќе се спроведе во периодот 14.8.202318.8.2023 година и 21.08.2023 – 24.08.2023 година, во термин од 17-20 часот.

Деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката, како и подетални информации во врска со начинот на спроведување на обуката ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката.

По завршување на обуката, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за брокер.  Датумите за полагање на стручниот испит за брокер се следните:

Прв дел (теоретски дел) на 13.09.2023 година 

Втор дел (практичен пример) на 28.09.2023 година

Кандидатите кои нема да го положат стручниот испит за брокер со првото полагање имаат право на две повторни полагања на испитот во рок од 6 месеци од денот на завршување на обуката и тоа во следните термини:

Второ полагање

Прв дел (теоретски дел) на 13.10.2023 година

Втор дел (практичен пример) на 31.10.2023 година.

               Трето полагање

                Прв дел (теоретски дел) на 10.11.2023 година.

                Втор дел (практичен пример) на 16.11.2023 година.

Сите заинтересирани лица, најдоцна до 31.07.2023 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за брокер со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит за брокер) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса: ул.Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје):

  1. Пополнет образец – Пријава за учество на обука за брокер/Барање за полагање на стручен испит за брокер (достапен на интернет-страницата на Агенцијата,  или во архивата на Агенцијата);
  2. Копија од лична карта;
  3. Уверение односно Диплома за завршено четиригодишно средно образование (IV степен) или повисок степен на образование, во оригинал или заверено од овластено лице – нотар; и
  4. Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и за полагање на стручниот испит за брокер.

Доколку личното име и презиме на некој од документите наведени погоре не е идентично со оние наведени во Пријавата/Барањето, кандидатот е должен да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме. Надоместокот за учество на обуката и за полагање на стручниот испит за брокер е утврден во Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/2009, 149/2009, 154/2009, 20/2012, 130/2013, 1/2015, 22/2016, 16/2017 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.23/2020) и истиот изнесува 14.000 денари