АСО (04.2023): Април во знакот на „УНИКА А.Д.“

Започнувајќи со извштајот за месец април, „Агенцијата за супервизија на осигурувањето“ започнува нова пракса, со објавување на месечни извештаи за работата на осигурителна индустрија. Нешто што е одамна пракса и во земјите од регионот, станува реалност и во Македонија. Тимот на осигурајсе.нет ја поздравува оваа одлука.

А, што ни носи овој извештај? Месец април е дефинитино месец на „УНИКА А.Д.“ Како и минатата година, така и во месец април од оваа година, „УНИКА А.Д.“ е единствената компанија која има повеќе од 150 милиони денари бруто полисирана премија (БПП), поточно 153,9 милиони денари. Со тоа земала 16,72% од вкупниот колач, пред „Триглав“ со 14,83% (136,4 милиони денари) и Еуролинк со 10,86% (99,9 милиони денари), како единствени компании со двоцифрен пазарен удел.

„УНИКА А.Д.“ останува лидер по БПП на најприносната класа, осигурување од автомобилска одговорност, каде во првите четири месеци оствариле вкупна премија од 228,1 милиони денари, пред „Винер“ со 213,2 милиони денари, кои се и единствените со повеќе од 200 милиони денари БПП.

Покрај доминацијата во класата за авто-одговорност, за одбележување е дека на полисите „УНИКА А.Д.“ се полисирала дури 37% (64,92 милиони денари) од вкупната премија за осигурување на имот (175,2 милиони денари) за месец април.

Генерално пазарот за неживотно осигурување е зголемен за 10,9%, од 842,76 милиони денари БПП во април 2022 година, на 920,38 милиони денари БПП во април од оваа година. Со го осигуретелниот пазар го одржува темпото на двоцифрен пораст од првото тромесечие.