„Винер – Виена Иншуренс Груп“ престанува да постои

Дефинитивно претстанува да постои „ВИНЕР – Виена Иншуренс ГРУП“, откако е потпишан договор за нивно целосно присоединување кон „МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје“ – Виена Иншуренс груп. 

За ова од компанијата беа известени акционерите и другите заинтересирани страни, или практично станува збор за Известување за потпишана Спогодба за статусни промени – присоединување. „Почитувани акционери и други заинтересирани страни, Ве известуваме дека на 20 декември се потпиша Спогодба за присоединување со која ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, како Друштво што се присоединува, се присоединува кон МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, како Друштво што презема, со универзален пренос на целокупниот имот и правата и обврските на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во замена за акции издадени од МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, во согласност со позитивното законодавство. По завршување на постапката за статусни промени ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје престанува да постои без ликвидација. Сите прашања во врска со оваа Известување можете да ги доставите до стручните служби на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп“, се вели во известувањето испратено од Управниот одбор на МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп.