Американската осигурителна индустрија е доста транспарентна кога станува збор за примањата на вреботените во овој сектор. Тие не само што не се тајна туку се показател и признание дека се вреднува трудот според неговите стручна спремност.
Во сите економски развиени земји, осигурувањето е водечка финансиска гранка. Пазарот на осигурување во САД, се смета дека е еден од најразвиените на глобално ниво. Американските осигурителни друштва се присутни во речиси сите земји низ светот.
Zip Recruiter, една од најголемите платформи за барање работа во развиениот свет, во промовираше рангирање на најбро платените работни места во американската осигурителна индустрија во март 2023 година.
На врвот на листата е актуар – консултант. Тоа е профил на аналитичар кој од повеќегодишно искуство и стручна спремност може да понуди висококвалитетни финансиски совети за процени на ризици. Во неговите работни задачи се впишуваат прибирањетп и анализата на податоците и препорака за решенија кај дадени предизвици. За актуар – консултант (најчесто се математичари н.з.) покрај повеќегодишно актуарско искуство, како квалификација го карактеризираат и врвни познавања од областите на финансиска ревизија и на моделирање ризици. Просечната плата се движи околу 160.000 евра годишно или околу 13.330 евра месечно.
И вториот најдоброплатен стручен профил е од областа на актуарството. Актуар специјалист за животно осигурување задолжен за одредување на премиие на полисата за осигурување живот како баланс на трошоците и на ризикот. Примањата се до 139.000 евра годишно односно 11.600 евра месечно.
Втората позиција ја дели со уште еден актуар, специјализиран за одредување премија. Негова анализа на податоци и со примена на актуарска математика треба да даде проценка на ризиците според што ја дефинира цената на осигурителниот производ. Месечните примања можат да бидат до 11.600 евра.
Единствен профил во топ 5, а кој не е од браншата на актуарите, е финансиски директор во автомобилско осигурување. Можеби е за изненадување, но најчесто е вработен во компанија за продажба на автомобили, каде наоѓа со новокупените автомобили продава и најсоодветно осигурување за својот нов автомобил. Овој директор зема плата од околу 135.000 евра годишно односно 11.200 евра месечно.
Најдобрите пет платени профили се заокружуваат со актуарот за процена на финансиските ризици на идни настани користејќи SQL бази и ексел. За анализа на овој тип на податицу потребно е познавање на програмирање или на софтвери за управување со ризиците. За оваа работна позиција осигурителните компании издвојуваат до 128.000 евра годишно односно до 10.700 евра месечно.
Менаџерите кои управуваат со деловните активности на осигурителните друштва достигнуваат плата до 116.000 евра, односно до 9.700 евра на месечно ниво. Управувањето подразбира надзор на работата, анализа на деловните процеси и развивање на модели за процена на финансиските ризици на кои се изложуваат осигурителните компании.
Следен во рангот е агентот специјализиран за осигурување несреќни случаи кој со проценката на барањата за лично или комерцијално осигурувањесо може да стигне до заработка до 112.000 евра
Најслабо платениот актуар во првите десет е здравствениот актуар. Тие постојано вршат анализа на здравствени податоци и пазарните трендови за подготовка на решенија и предлози за стратешките финансиски планови, како и свое мислење за нови ризици и продукти поврзани со здравјето. Компанијата ги наградува со плата до 108.000 евра годишно односно 9.000 евра месечно.
Последните две места се профили кои се инволвирани во работа со штети. Директор за штети ја организира и води работата на одделенијата за штети проценка и исплата на штети што му носи платата до 107.000 евра годишно односно 8.900 евра месечно, додека главниот проценител на штети, анализирајќи штетни настани заработува до 106.000 ера на годишно ниво односно 8.800 евра месечно.