Дали знаете дека автомобил кој е 10 или повеќе години стар, има повеќе од двапати поголеми шанси да заврши паркиран од страна на патот и повеќе од четири пати поголеми шанси да има потреба од влечење? Ова се податоци до кои дошла Американската Автомобислка Асоцијација по направена студија за издржливоста на постарите возила.
Но, и поновите автомобили не се имуни на проблеми како што се дупнати гуми, испразнети акумулатори, снемување гориво и останати непредвидливи дефекти.
Затоа, асистенцијата на пат може да биде мудра одлука при осигурување на Вашето возило, без разлика дали се работи за постар или нов автомобил.
Што претставува овој тип на осигурување?
Помош на пат е дизајнирана да понуди помош во отстранување на дефектот на лице место и/или да покрие дел од трошоците, кои настанале поради расипано или онеспособено возило. Кога ќе почувствувате проблеми со возилото, можете да го контактирате вашиот давател на помош на пат со повикување на телефонската линија за помош 24/7. Службата потоа ќе испрати некого да Ви помогне со проблематичниот автомобил.
Новиот продукт „Помош на пат SOS“, кој „УНИКА“ неодамна го промовираше на пазарот, нуди неколку начини на асистенција на пат која може многу да Ви помогне кога сте во неволја:
- Поправка на лице место (замена на гума, проблем со акумулатор, недостаток на гориво и сл.)
- Транспорт на возилото (Во случај да не може да се изврши Поправка на лице место на возилото, тоа се транспортира до најблискиот сервис, односно до 100 км.)
- Oбезбедување на заменско возило (Доколку е невозможно да се поправи возилото во рок од 24 часа и ако несреќата е настаната на дистанца повеќе од 50 км од живеалиштето на осигуреникот/возачот)
- Паркирање на возилото (Доколку најблискиот сервис е затворен во моментот кога е извршен транспорт на возилото, возилото се остава на заштитен паркинг до моментот на отварање на сервисот, но не повеќе од 2 дена)
- Хотелско сместување (Доколку е невозможно да се поправи возилото во рок од 24 часа, а престојувалиштето на осигуреникот/возачот е над 150 километри и не е возможно да се изврши транспорт на возилото)
- Продолжување на пат (Продолжување на патувањето на корисниците до местото на престојување, со користење на превоз преку воз или авионска економска класа)
- Tрошоци за такси возило (Продолжување на патувањето на корисниците до местото на престојување со користење на такси возило)
Продуктот е резултат на соработка со „Europ Assistance“, која е водечка светска компанија за услуги од овој тип. Таа нуди мрежа на професионалци ширум светот со повеќејазична поддршка. Преку „Помош на пат SOS“ добивате достапност на нивната информативна служба 24/7 во земјите кои ќе ги одберете како покритие, на регионално (Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Грција, Бугарија) или на европско ниво (освен Азискиот дел на Tурција, Русија, Белорусија и Кримсиот полуостров)
„Помош на пат SOS“ Ви нуди мир во текот на вашиот одмор и патување во Македонија и во странство.