„Сава осигурување“ има нов извршен директор

„Сава Осигурување АД Скопје“ објави берзанска информација дека Кристаин лешков е назначен за нов извршен член на Одборот на директори, како и за нов извршен директор.

„Кристиан Лешков заедно со постоечкиот извршен член на Одборот на директори и Генерален директор = Мелита Гугуловска, ја сочинуваат Управата на Друштвото и заеднички го застапуваат и претставуваат Друштвото“, гласи информацијата споделена на берза.

Лешков досега беше главен оперативен директор во Сава Осигурување, каде што дојде од банкарскиот сектор како експерт за продажба.