„Сава Ре“: Акционерите одлучија колкава ќе биде дивидендата за 2022-ра година

Акционерите на словенечката „Сава Ре Груп“ го усвоија предлогот на управниот и надзорниот одбор, за дивиденда да се искористат 24,8 милиони евра од добивката од минатата година. Тоа би зналело дивиденда од 1,60 евра бруто по акција, што се исплаќа на 21 јуни 2023 година на акционерите регистрирани на 20 јуни 2023 година.

Генералното собрание го одобри и Извештајот за наградување на директорите на „Сава Ре“ , при што советодавното гласање за резолуцијата за одобрување на Политиката за наградување на членовите на управните и надзорните тела на Сава Ре д.д. (Политика за наградување на директори) не беше спроведена. Иако Политиката за наградување на директорите е валидна и во согласност со законот, таа не е целосно усогласена со препораките на акционерот „Словенечки суверен холдинг“ објавени на 4 мај 2023 година. Компанијата ќе ги испита отстапувањата од препораките на овој акционер и ќе стави ревидирана политика за наградување на гласање на следното годишно генерално собрание на „Сава Ре“.