„Tриглав Осигурување АД Скопје“ преку соопшение на „Македонска берза“ ги објави резултатите од првиот квартал за 2023-та година. Друштвото остварило добивка по оданочува од 120 илјади денари, што е драстично намалување на профитот од 8,5 милиони денари остварен истиот период минатата 2022-ра година.
Речиси сите приходи во првите три месеци од 2023-та година се зголемени. Компанијата остварила нето приходи од премија во висина од 279 милиони денари, кое што претставува зголемување во однос на 2022 година за 14,2%. Приходите од финансиски вложувања достигнале 13,6 милиони денари, за 17,1% повисоки од извештајниот период во 2022-а година, генерално поради растот на општите каматни стапки на пазарите. За 2 милиони денари, односно за 9,4% во однос на истиот период лани, се зголемени приходите по основ на провизии од реосигурување, кои достигнале 23 милиони денари, во согласност со растот на премија предадена во реосигурување. Oстанатите останатите приходи се претрпела минимална корекција во однос на првиот квартал од 2022-ра година за 800 илјади денари.
Првите три месеци од 2023-та година донеле и зголемени трошоци во работењето за 17,5% достигнувајќи 320,9 милиони денари во разгледуваниот период. Зголемени најмногу се должи на зголемените нето расходи за штети кои се во износ од 149 милиони денари и се за 21,7 милиони денари (17%) повисоки од минатата година и на трошоците за спроведување на осигурувањето кои изнесуваат нето 106,7 милиони денари, што претставува раст од 39% или 30,1 милиони денари во однос на истиот период претходната година.
Останатите технички резерви се за 12,9 милиони денари зголемени поради зголемените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).
Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 7,6 милиони денари и се на истото ниво како и минатата година, a каде што најголем износ на попусти (3 милиони денари) отпаѓа на осигурување на моторни возила.