УНИКА: „Стандард & Пурс“ го потврдува рејтингот и ја подобрува перспективата

Mеѓународната агенција за рејтинг, Standard & Poor’s (S&P), ја подобри перспективата за UNIQA Insurance Group AG (делот од групацијата за осигурување надвор од Австрија), UNIQA Österreich Versicherungen AG (делот од групацијата за осигурување во Австрија) и UNIQA Re AG (делот од групацијата за реосигурување) од „негативна“ на „стабилна“. S&P, исто така, ја потврди оценката „А“ за UNIQA Österreich Versicherungen AG и UNIQA Re AG и оценката „A–“ за UNIQA Insurance Group AG.

Од рејтинг агенцијата нагласуваат дека и покрај тешките пазарни услови и влијанието на руско- украинскиот конфликт, UNIQA постигнала силен технички резултат и оперативен профит. Според нивната проценка, клучен фактор што придонесува е различното деловно портфолио на UNIQA за осигурување на имот и несреќи, животно осигурување и здравствено осигурување на домашниот пазар во Австрија и на пазарите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).

Благодарение на високата профитабилност на Групацијата, S&P предвидува дека дури и со потенцијални дополнителни негативни влијанија од конфликтот, секоја материјална нестабилност ќе биде избалансирана. S&P заклучува дека според нивното мислење, „UNIQA ќе ја одржи и прошири својата силна конкурентна позиција на домашниот пазар и на пазарите на ЦИЕ“.