УНИКА (12М2022): Резултатите го оправдаа епитетот „Најдобар осигурителен бренд во Македонија“

Во изминатата 2022-ра година, македонскиот осигурителен пазар уште еднаш оствари двоцифрен пораст (13,68%) на бруто полисираната премија (БПП). Денес, тоа е нешто на што сме навикнати и степен на раст кој е за очекување да се повтори и за оваа година. Но, во минатото не било секогаш така. Ова посебно се однесува на периодот од 1999-а година до 2003-та година кога БПП  од 5,5 милијарди денари се намалила на 4,28 милијарди денари. Додека повеќето на тоа гледале како проблем, други воочиле прилика. Тоа се визионерите на „СИГАЛ“ групацијата кои во октомври 2004 година ја започнуваат успешната приказна на денешната „УНИКА АД“ во Македонија. Со брзиот раст на БПП во годините кои следат, потврдуваат не само дека донеле вистинска одлука во вистинско време, туку и дека системот на работа кои ги прави најуспешни на домашниот албански пазар (12М2022: 26,76% од БПП за неживотно, 45,74% од БПП за животно осигурување), може да ги однесе на врвот и во Македонија.

Нивниот регионален успех беше магнет за австриската групација „УНИКА“, која во „Сигал“ пронајде партнер за реализација на нејзините стратешки цели во ширење на бизнисот во земјите од јужна Европа. Од 2007-ма година „УНИКА АД“ станува правен и деловен наследник на „Сигал а.д“ Скопје. 

Континуираниот повеќегодишен пораст на БПП, ја издигна „УНИКА АД“ на второто место во рангирањето според волуменот на БПП за 2022-ра година, оставајќи под себе компании кои се многу подолго присутни на македонскиот осигурителен пазар. Во дванаесетте месеци од минатата година остврила степен на пораст на БПП поголем од степенот на пораст на пазарот за неживотно осигурување, 11,55% наспорти 9,15%. Веќе неколку години го има приматот на неприкосновен лидер во најобемната класа по волумен на премија, задолжителното авотмобилско осигурување. 2022-рата година е завршена со најголем бројот на склучени договори во таа класа, 121.917 (12,9% од вкупниот број АО полиси) и најголема БПП, 681,07 милиони денари (13,1% од бкупната АО премија). Порастот на БПП од 9,19% е поголем и од растот на класата од 7,68%.  Покрај тоа што е лидер по бројот на скучени договори и БПП, исто така е лидер и по бројот на ликвидирани штети, 4.140 (14,5% од вкупниот број на штети во АО класата) и бруто исплатени штети (БИШ), 296,4 милиони денари (13,4% од вкупната испалтена штета во АО класата). Ако се направи анализа на овие бројки не е тешко да се открие нивната „тајната“ зошто e во постојан пораст бројот на осигуреници кои ја избираат „УНИКА АД“ за нивен партнер во осигурувањето.

Успехот на „УНИКА АД“ е пресликан и во деловната линија за животно осигурување, каде „УНИКА Лајф“ зад себе има уште една година со двоцифрен пораст на БПП (15,35%). Иако бројот на склучени договори е речиси непроменет, бројот на ликвидирани штети е зголемен од 295 на 349 (34,75%), а БИШ е зголемена за дури 40%, од 36,79 милиони денари на 51,71 милиони денари. Бројките покажуваат дека „Живееме подобро заедно“ не е само слоган на групацијата, туку деловна политика и стратешка цел за создавање задоволни корисници.

Имајќи ги предвид горенаведените параметри може да се каже дека Global Banking & Finance со право го додели признанието „Најдобар осигурителен бренд во Македонија за 2022 година“ на „УНИКА“, бидејќи го промовирала осигурувањето во вистинско светло, помогајќи им на луѓето кога им е најпотребно. Ова посебно добива на вредност ако се знае дека поголемиот дел од обештетените се трети лица, кои не се клиенти на „УНИКА АД“, туку се лица кои биле оштетени од страна на нејзините клиенти.