Осигурителните компании во Франција објавија дека „сметката“ што ќе ја платат за санирање на штетите од протестите што избувнаа во земјата пред две недели изнесува 650 милиони евра.
Околу 90 отсто од тоа се однесува на отштета за 3.900 имоти на професионалци и заедници погодени од „немирите“, стои во изјавата Флоренс Лустман, претседател на федерацијата на француските осигурителни компании France Assurure.
Што се однесува до останатиот процент (приближно 10%), тој главно се однесува на штети што ги претрпеле лица чии автомобили биле тешко оштетени.
До сега се изброени 11.300 барања поврзани со отштета како резултат на еднонеделните протести.
Жофрој Роди Безиу, претседател на француското здружение на работодавачи „МЕДЕФ“ изјави дека е рано да се каже точната бројка, но она што е сигурно е дека штетата надминува милијарда евра, не сметајќи ги последиците за туристичкиот сектор.
Висината на отштетата за протестите поврзани со смртта на Наел се чини дека е многу поголема во однос на настаните што избувнаа ноќта на 27 октомври 2005 година, по смртта на двајца млади момчиња кои беа погодени од струен удар во електрана додека се криеја од полицијата.
Немирите, кои потоа траеја неколку недели, чинат околу 204 милиони евра со околу 10.000 барања за отштета.