„Халк Осигурување АД Скопје“ доби Решение од страна на „Комисијата за хартии од вредност“, со кое му се дава одобрение за издавање емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда.
Целта на новата, осма по ред, емисија е за зголемување на основната главнина на друштвото со трансформирање на заем (субординиран долг) во траен влог преку издавање нови обични акции. На овој начин, основната главнина на осигурителното друштво ќе се зголеми на 19.500.000 евра, од моменталните 15.500.000 евра.
При зголемување на основната главнина на „Халк Осигурување АД Скопје“, за трансформирање на субординираниот долг, ќе се издадат 400.000 нови акции сите во сопственост на „Халк Банка АД Скопје“, која е единствениот акционер.
Новото зголемување на основната главнинае за постигнување на потребната адекватност на капиталот на друштвото, со што се задоволуваат условите за непречено вршење на редовното работење.