АФПЗРР издвои 98 милиони денари за субвенции за осигурување
osigurajse.net
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР ) ја извести јавноста дека е исплатен надоместокот за финансиска поддршка како дел од трошоците за осигурување на земјоделското производство. Надоместокот се исплаќа во висина до 60% од трошокот на премијата за осигурување, но не повеќе од 150.000 денари по корисник.
За реализација на мерката за помош во премии и осигурувањеод буџетот на АФПЗРР се издвоени 98 милиони денари.