„Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп“, преку соопштение издадено на „Македонска берза“ ги известува акционерите и јавноста дека Надзорниот одбор на друштвото одлучи да се отпочне постапка за статусна промена – присоединување, при што „Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје“ (како друштво што се присоединува) ќе се присоедини кон „Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп“ (како друштво што презема). Постапката ќе се спроведе согласно позитивните прописи кои се однесуваат на статусни промени.