По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во Македонија, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на „Триглав Осигурување Живот“ и започнува интернационална кариера. Надзорнот Одбор на „Триглав Осигурување“ со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела.
Учета Дузлевска беше генерален директор на „Триглав Осигурување Живот“ од октомври 2020 година, а на нејзино место како нов генерален директор во „Триглав Осигурување Живот АД Скопје“ е назначена Христина Џамбазовска Анастасов. Џамбазовска Анастасов е поранешна македонска кошаркарска репрезентативка, доаѓа од редовите на компанијата и поседува долгогодишно менаџерско искуство во осигурувањето.
Со последната промена, двете лидерски позиции на „Тргиглав“ групацијата во Македонија се генерални директори со кошаркарска кариера, имајќи предвид дека генерален директор на „Триглав осигурување“ е Ѓорѓе Војновиќ.