Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека во периодот од март 2023 година до јуни 2025 година ќе организира и спроведе обука и полагање на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар (во понатамошниот текст: стручен испит за актуар).
Повикот за пријавување на лица за учество на обука и полагање на стручниот испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар Агенцијата ќе го објави на својата веб страница и во дневен весник на ден 1.3.2023 година.
Согласно Повикот, сите заинтересирани лице ќе може до Агенцијата да достават Пријава за учество на обуката и полагање на стручниот испит за актуар во периодот од 1-10.3.2023 година по што обуката по однос на првиот предмет од Наставната програма ќе започне на 13.3.2023 година.