Седма година по ред, кинескиот Ping An е највредниот осигурителен бренд во светот, со вредност на брендот од 32,2 милијарди американски долари. Лидерската позиција ја задржува и оваа година и покрај намалувањето од 25% на вредноста на брендот во споредба со претходната година.
Водечка консултантска компанија за вреднување на брендови Brand Finance секоја година тестира 5.000 најголеми брендови и објавува повеќе од 100 извештаи, рангирајќи ги брендовите во сите сектори и земји. 100-те највредни и најсилни осигурителни брендови во светот се вклучени во годишното рангирање Brand Finance Insurance 100 2023 година.
Ping An се соочи со тешки домашни деловни услови во изминатите две години, бидејќи домашниот економски раст на Кина беше попречен од намалената доверба на потрошувачите, прекините на синџирот на снабдување и спорадичните епидемии на KОВИД-19. Ова го намали закрепнувањето на потрошувачката на домаќинствата, што имаше влијание врз премиите на Ping An, и се одрази во неговите прогнози и намалување на вредноста на брендот.
И China Life Insurance (вредноста на брендот намалена за 25% на 17,1 милијарди американски долари) и CPIC (вредноста на брендот намалена за 4% на 15,2 милијарди американски долари) на третата и петта позиција во рангирањето, исто така, забележаа намалување на вредноста на брендот во 2023 година, поради слични причини како Ping An. Сродниот кинески осигурителен бренд, China Re (вредноста на брендот е намалена за 48% на 2,1 милијарди долари), исто така е бренд со најбрзо паѓање во рангирањето.
Athene (вредноста на брендот е зголемена за 128% на 2,6 милијарди американски долари) пак е најбрзо растечки осигурителен бренд. Во јануари 2022 година, Athene се спои со Apollo Global Management, Inc., која сега работи како подружница на Apollo. Ова му помогна на брендот значително да порасне, комбинирано со повисоки премии за пензиските групи во споредба со претходната година.
Дваесет од дваесет и шест американски осигурителни брендови вклучени во рангирањето забележаа зголемување на рангот во 2023 година, што го потенцира позитивното закрепнување на осигурителните брендови во регионот. GEICO (вредноста на брендот е зголемена за 8% на 14,1 милијарди долари) беше највредниот осигурителен бренд во САД, следен од Progressive (вредноста на брендот е зголемена за 6% на 11,8 милијарди долари), Chubb (вредноста на брендот е зголемена за 8% на 11,6 милијарди долари), Allstate (бренд вредноста е зголемена за 22% до 11,4 милијарди долари) и Metlife (вредноста на брендот зголемена за 5% на 10,9 милијарди долари). Вкупната вредност на осигурителните брендови во САД вклучени во рангирањето е повисока од која било друга земја – 115,7 милијарди долари.
Европскиот осигурителни пазар има два претставника во првите десет рангирани бренда. Германскиот Allianz се наоѓа на втората позиција (со намалена вредноста на бреднот од речиси 8% на 21,1 милијарди долари). а на петта позиција е француска AXA (намалена вреднсот на брендот од 7,5% на 15,9 милијарди долари).