UNIQA Insurance Group (3М2023): Значителен раст на вкупната премија, надминати очекувани приходи

UNIQA Insurance Group AG во првите три месеци од годината полисираше за 6,5% поголема бурито премија, во однос на истиот период лани, достигнувајќи 1.980 милиони евра.

„Овој позитивен развој се должи пред сѐ на силниот раст на осигурувањето на имот и незгода во сите земји, како и на зголемените премии во здравственото осигурување.“, се наведува во соопштението од Групацијата.

Бруто полисираните премии (БПП) на полисите за осигурување на имот и незгода се пораснаи за 9,8% во однос на извештајниот период од претходната година на 1,21 милијарди евра во првите. Бруто комбинираниот однос во осигурувањето на имот и незгода е на многу охрабрувачки 88,7% поради ниските големи загуби и штети од невреме и солидни резултати на порамнување.

Кај здравственото осигурување растот на БПП во првиот квартал од 2023 година е 6,2%, достигнувајќи 346 милиони евра. Кај осигурувањето на живот, БПП во првите три месеци е незначително намалена (-1,8%) на 423 милиони евра.

Со реализирани 124 милиони евра, нето-приходите од инвестиции се значително над очекувањата, пред се поради подобрување на тековните приходи.

Заработката пред оданочување изнесува 124 милиони евра и резултира со консолидирана добивка (удел во добивката за периодот што им се припишува на акционерите на UNIQA Insurance Group AG) од 101 милион евра.

Соодносот на солвентниот капитал (SCR) според Солвентност II, кој се смета за показател за капитализацијата на друштвата за осигурување, на крајот од првото тромесечие бил 253 проценти во UNIQA што претставува зголемување од дополнителни 7 процентни поени во споредба со последното известување од 31 декември 2022 година.

Новите бизниси во здравственото и животното осигурување продолжуваат да бидат на многу добро ниво, како и претходната година, со нова деловна маржа од 4,4% и нова деловна вредност од 35 милиони евра.

Маржата за договорна услуга изнесува 5.642 милиони евра и е зголемена за 5,7%. Оваа нова билансна ставка ја претставува добивката што се очекува во иднина од договорите во долгорочното работење со животно и здравствено осигурување.

UNIQA продолжува да очекува солидни и издржливи придонеси за профит од основниот бизнис за преземање и во Австрија и во Централна и Иисточна Европа. „Меѓутоа, не е можно да се обезбеди сигурна перспектива за целата финансиска година, поради војната во Украина и континуираните несигурности на пазарите на капитал. Затоа UNIQA сè уште не објавува прогноза за добивката за целата година“.