Политичарите во Бугарија, конечно најдоа решение за потенцијалната пречка за членство на земјата во еврозоната, која потекнува од случајот со меѓународниот осигурителен систем „Зелен картон“. Ова беше неопходно да се случи откако подолго време се одложуваа промените на Кодексот за осигурување, а кои беа одобрени од парламентот.
Системот „Зелен картон“ е меѓународен модул, усвоен од 48 земји, за обесштетување на жртвите од сообраќајни несреќи предизвикани од моторни возила со странски регистарски броеви. Со „Зелен картон“ возачите не мора да докажат дека се осигурани на границата од земјите кои ги посетуваат со своите возила. Ускугата ја овозможуваат националните бироа за осигурување, каде членуваат локалните осигурителни компании. Проблемот во Бугарија датира од пред неколку години, каде токму бугарските осигурителни компании се спротиставија на вистинитоста на барањата за бенефиции кои доаѓаат од странство. Според не се решаваше што доведе до акумулација на голем број неликвидирани побарувања. Поради неспроведување на „Зелен картон“, Бугарија се соочи со закана од исклучување од системот.
Бидејќи членството во еврозоната е условено со ефективното функционирање на „Зелениот картон“ Бугарија го загрози и нејзиното пристапување. Сепак, бугарското национално биро за осигурување неодамна објави дека нејзините обврски нагло се намалени.