УНИКА Е НАЈПОСАКУВАНИОТ ОСИГУРИТЕЛ ЗА АВТО-ОДГОВОРНОСТ

Во мајскиот месечен извештај за пазарот на осигурување, објавен од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, уште еднаш ја потврди доминацијата на „УНИКА А.Д.“ кога е во прашање класата 10, односно осигурување на моторно возила од авто-одговорност (АО). Не само што оваа класа носи најголема бруто полисирана премија (БПП) и приход за осурителните друштва, туку оваа класа е показател и за рејтингот кој компанијата го има на пазарот и довербата која ја ужива кај граѓаните.  

Да се потсетиме, оваа класа го вклучува задолжителното осигурување на возилата. Секоја година, пред да го регистрираат своето моторно возило, корисниците имаат можност да изберат една од единаесетте компании кои ја нудат оваа услуга. Бидејќи одлуката не зависи од нивниот избор во претходната година, компанијата може да се промени секоја година, граѓаните најчесто одлуката ја носат според нивното, или искуството на нивни блиски, во ситуација кога треба да се наплати отштета. Извештајот покажува дека во периодот од први до триесет и први мај, УНИКА исплатила отштета на вкупно 401 побарување, речиси двојно повеќе од било кој друг на осигурителниот пазар во Македонија. При тоа, порастот на бројот на исплатени отштети е за 23% поголем од истиот месец лани (05.2022: 326 исплати), убедливо најголем. 

Со градење на фер однос спрема осигурениците уште од нејзините почетоци, „УНИКА А.Д.“ за кратко време стана најпосакуван бренд за осигурување од АО. Во месец мај, во „УНИКА А.Д.“ се направени 12.161 полиси во калса 10, најголем број на договори од таа класа. Оваа бројка е зголемена за 11% во однос на петиот месец од минатата година кога биле склучени 10.931 полиси. 

Бројките покажуваат дека сѐ повеќе корисници веруваат во слоганот дека „животот е подобар заедно со ‘УНИКА’“.