Австриската осигурителна групација „УНИКА“ објави раст на премијата за периодот јануари-септември 2023 година од 9,4% на 5,5 милијарди евра и значително зголемување на заработката пред оданочување на 305 милиони евра. „Пред сè, осигурувањето на имот и незгода и здравственото осигурување придонесоа за овој многу задоволителен раст“, се наведува во соопштението на австрискиот осигурител.
Приходите од осигурување во трите тромесечија од 2023 годинаво се зголемени за 9,3% на 4,4 милијарди евра. „Кон тоа придонесоа сите деловни линии и сегменти, при што осигурувањето на имот и незгоди се зголеми за 11,4%, здравственото осигурување за 6,2% и осигурувањето на живот за 3,6%. Приходите од осигурување во Австрија се зголемени за 5,3%, а на инернационалните пазари зголемени се за 15% “во меѓународните компании.“
Нето приходите од инвестиции, во првите девет месеци од 2023 година, се зголемени на 440,7 милиони евра (9М2022: 33,6 милиони евра).
Заработката на групацијата пред оданочување значително е подобрена за 21,7% на 304,9 милиони евра (9М: 250,4 милиони евра).
Бруто полисираните премии на имот и незгода се зголемени за 14,4% до 3,23 милијарди евра во првите девет месеци од 2023 година (9М2022: 2,83 милијарди евра). Кај здравственото осигурување растот на БПП е 8,2% достигнувајќи 1,04 милијарди евра наспроти 962,5 милиони евра. Кај осигурувањето на живот, БПП (вклучувајќи ги и штедните делови од единечно и индексирано животно осигурување) благо се намалени во извештајниот период за 1,4% на 1,18 милијарди евра (9М2022: 1,20 милијарди евра).
За финансиската 2023 година, „поради очекуваниот нестабилен макроекономски развој, тековната финансиска 2023 година – како и 2022 финансиска година пред неа – ќе се карактеризира со значителни неизвесности, меѓу другото поради нестабилните пазари на капитал, високата каматна чувствителност во инвестициите, неизвесноста во однос на развојот на инфлацијата и општиот тренд на поголеми загуби од природни катастрофи. Ова се причините поради кои не може да се даде перспектива за развојот на резултатите во финансиската 2023 година“, информираат од осигурителот.